Емисии во воздух
Емисии во воздух
Емисиите во воздух се клучен аспект на животната средина во производството на цемент, а нивното ефикасно управување е еден од приоритетните столбови во нашата фабрика.
Преку континуирани инвестиции во најсовремени технологии, ТИТАН Усје постигна концентрации на прашина, азотни оксиди (NOₓ), сулфур диоксид (SO₂) и други регулирани параметри во отпадните гасови кои се значително под пропишаните гранични вредности.
Паралелно со инвестициите во современи технологии за контрола и намалување на емисиите во воздух, инвестиравме и во воспоставување модерен систем за мониторинг, кој овозможува континуирани мерења на емисиите во воздух од стационарни извори.
Системот за континуиран мониторинг на емисии (CEMS) обезбедува податоци во реално време, целосна транспарентност и регулаторна усогласеност.
Емисии на стакленички гасови
Како дел од Групацијата ТИТАН, цементарницата УСЈЕ е посветена на справување со климатските промени преку намалување на емисиите на стакленички гасови во рамки на нашето работење. Ги следиме меѓународните најдобри практики и протоколот WBCSD/CSI за редовно следење и известување за нашиот CO₂ отпечаток.
Како го намалуваме CO₂
- Позелени производи
Произведуваме цемент со пониска содржина на клинкер, користејќи природен пуцолан, алтернативни суровини и други минерални додатоци. Овие производи ги намалуваат емисиите на CO₂, притоа задржувајќи ја издржливоста и перформансите на нашите производи. - Алтернативни горива
Ја намалуваме употребата на фосилни горива преку ко-процесирање на неопасни отпадни материјали, како земјоделска биомаса, текстилен отпад и нерециклабилна амбалажа. Во 2025 година, на овој начин беа заменети 4,22% од топлинската енергија потребна за нашите печки. - Обновлива енергија
Нашата соларна електрана со моќност од 3 MWp обезбедува дел од потребната електрична енергија, со што се намалуваат индиректните емисии на CO2. - Енергетска ефикасност
Континуирано ја унапредуваме опремата, ги оптимизираме процесите и применуваме технологии за заштеда на енергија со цел намалување на потрошувачката на електрична енергија.
Преку одговорно користење на ресурсите, иновации и континуирано подобрување, УСЈЕ придонесува кон градење нискојаглеродна иднина и ја поддржува долгорочната цел на Групацијата ТИТАН за јаглеродно неутрален бетон до 2050 година.
Мерења на емисии
Мерења:
-
ПРАШИНА mg/Nm³
K3: —K4: —Максимална гранична вредност^: 30.0mg/Nm³
-
SOx mg/Nm³
K3: —K4: —Максимална гранична вредност^: 400.0mg/Nm³
-
NOx mg/Nm³
K3: —K4: —Максимална гранична вредност^: 800mg/Nm³
Подвижни просеци
Месечни мерења на емисии
^: Граничните вредности се согласно А-Интегрираната еколошка дозвола / дозволата издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање.
*: Запирање/стартување на печката │ Одржување на системот.