Управување со животната средина

Во ТИТАН Усје, грижата за животната средина е целосно интегрирана во нашата оперативна стратегија и во секојдневното донесување одлуки. Како членка на Групацијата ТИТАН, посветени сме на одговорен раст кој создава долгорочна вредност за општеството, животната средина и нашите засегнати страни. Нашиот пристап кон одржливоста е усогласен со меѓународно признати рамки, вклучувајќи ги Целите за одржлив развој на Обединетите нации (SDGs), принципите на Глобалната асоцијација за цемент и бетон (GCCA), како и научно заснованите климатски цели.

  • ТИТАН Усје поседува А-интегрирана еколошка дозвола за спречување и контрола на загадувањето, издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање. Со тоа се обезбедува внимателно следење и контрола на сите емисии, отпад и користење на ресурси.
  • ТИТАН Усје беше првата компанија во земјата која доби Platinum сертификат за „Нула отпад на депонија“ / Zero Waste to Landfill.
  • Бевме први што објавивме Еколошка декларација за производ (EPD) за клинкер и сите видови на нашите цементи.
  • ТИТАН Усје беше првата фабрика во Северна Македонија која инсталираше систем за третман на атмосферски и површински отпадни води — со што ја покажуваме нашата посветеност надвор од законската усогласеност.

Емисиите во воздух се управуваат преку високоефикасни системи за филтрација, затворено ракување и складирање на материјали, како и примена на најдобри достапни технологии за минимизирање на емисиите на прашина. Емисиите на азотни оксиди (NOₓ) се контролираат со користење на low-NOₓ горилници и системи за селективна некаталитичка редукција (SNCR), со што се обезбедува усогласеност со строгите еколошки стандарди.

Во изминатите пет години, ТИТАН Усје инвестираше во напредни дигитални решенија, вклучувајќи паметен мониторинг, предиктивно одржување и алатки поддржани со вештачка интелигенција, со цел подобрување на оперативната ефикасност и намалување на влијанието врз животната средина.

Покрај нашиот оперативен фокус, активно ја промовираме еколошката свест преку учество на вработените во иницијативи за пошумување, „Часот на планетата Земја“ и едукативни програми. Преку овие активности, од 2009 година досега се засадени или донирани 474.523 садници, што ја потврдува нашата посветеност и кон заштитата на животната средина и кон вклучувањето на заедницата. Овие иницијативи не само што ја подигнуваат еколошката свест, туку придонесуваат и за зајакнување на нашите врски со заедницата.